Викториската влада сака Викторија да биде место каде луѓето ќе чувствуваат дека му припаѓаат, без оглед на нивната култура, способности, возраст и пол. Како дел на визијата на Викторискиот државен план за лица со попречености 2002-2012, Службите за лица со попречености (Disability Services) даваат поддршка и услуги што им одговараат на потребите на секој поединец.
Поддршката може да помогне:
Поддршката опфаќа:
Службата за прифаќање и помош на лица со попречености (Disability Intake and Response Service) може да даде информации за поддршката и услугите за лица со попречености, нивните семејства и старатели. Таа Служба исто така може да обезбеди помош во планирањето и поддршката на лица со попречености, нивните семејства и старателите во нивната општина.
Ако чувствувате потреба да разговарате со некој за поддршката и услугите кои може да се добијат во вашата локална област, јавете се на вашата обласна Служба за прифаќање и прием на лица со попречености
Ве молиме телефонирајте на Преводачката служба на 13 14 50 и побарајте да ве поврзат со соодветна регионална служба за прифаќање и помош на лица со попречености.
Од интернет може да ја преземете
Брошурата со информации и поддршка на лица со попречености (PDF 49KB) (2 страници) со информации на македонски јазик за поддршката и услугите.
Исто така од интернет може да преземете други Општи информативни брошури на Службите за попреченост, на македонски јазик.
Ако ви требаат алтернативни формати на брошурата или имате тешкотии “прилозите“ (attachments) да ги преземете од интернет, јавете се по електронска пошта на Службите за лица со попречености на адреса disability.services@dhs.vic.gov.au.